Ме нарекувате Господ, а сеуште Сум далеку од вашите срце.

Ме нарекувате Учител, а не учите од Мене.

Ме нарекувате Пат, а сепак не Ме следите.

Ме нарекувате Вистина, а не Ме сведочите.

Ме нарекувате Љубов, а не Ме љубите. Read the rest of this entry »


Треба да и зборуваш љубовни зборови… Јас од се најмногу ја сакам твојата љубов, и ништо не е за мене поголемо мачење и незадоволство, од тоа еднаш да се најдам оддалечен од тебе. Кога би било потребно и се да изгубам, и кога би станал посиромашен и од Ира, и кога би се нашол во најголема опасност, било што да ме снајде, се би можел да прифатам и да поднесам, се додека ти си ми добро. Тогаш и децата ми се најдраги, само ти да си во се со нас… Read the rest of this entry »


- Денеска времињата се многу тешки … Порано можело да најдеш некој кој да те води правилно и да ја држи твојата раката во духовниот потфат

- Не, тоа што го велиш, не е точно … Времињата навистина се тешки, но за многу христијани тоа е само повод за избегнување на нивните обврски. Ниту е случајно, ниту станало без Божја Промисла тоа што сме се родиле во оваа епоха. Сите луѓе, од Адам и до последниот човек, пребиваат во утробата на Бога и во зависност од времето биваат создадени и се појавуваат на земјата. Read the rest of this entry »

Како можеме да ги смириме оние кои се скарани?

Најпрво да се молиме за нив. Потoа да ги поттикнеме да се исповедаат на духовникот и да ги советуваме со зборовите од светото Евангелие да се смират (Мт. 5:9). Колку што можеме, да се трудиме да твориме мир, затоа што сме синови Божји и во себе го носиме мирот на Духот Свети. Оние кои меѓусебе не се смират, не можат да се причестат. Read the rest of this entry »