ПОКАЈАНИЕ – Ден Втори, Втора Седмица

angel-hranitel-1

Вo домoт на Мојот Отец има многу места за живеење

Исполнет со радост, монахот Јоасаф се чудел како овие луѓе дошле на ова место и се прашувал на кого му припаѓа таа толку прекрасна градина со чудни дрвја и кои се нејзините жители. Додека размислувал за тоа, тој се сетил на евангелските зборови: Вo домoт на Мојот Отец има многу места за живеење (Јован 14: 2).

Со тие мисли тој поминал покрај луѓето, и малку подалеку, среде истата бескрајна рамница, на друго место видел уште повеќе собрани луѓе. Тие биле облечени во воени облеки и изгледале млади и мажествени. Тие, исто така, блескале како сонце. Continue reading

Дедо Добри (Добре Димитров Добрев) се претстави пред Господа

27752016_1856916204331989_1778833232495630032_n

На 13-ти февруари 2018 година пред Господа се претстави возљубениот од сите Добре Димитров Добрев (дедо Добри), соопштува Бугарската Патријаршија на нивната официјална веб страна. Тлените останки на дедо Добри истиот ден беа изложени за поклонение во црквата во селото Бајлово, кадешто се наоѓаше неговиот земен дом. Заупокоена литургија беше отслужена следниот ден, а неговото погребение се изврши денеска (15-ти февруари). Continue reading

СЕДМИЦА ВТОРА 

monkПОЧЕТОК

Во следните седум дена, љубезна душа, наш водач на патот на покајанието ќе биде самиот свет великомаченик, Божјиот угодник, Георгиј. Ќе поминеме низ најсветли и чудни места, земни и небесни, ќе чуеме неискажани, прекрасни, спасителни зборови, кои даваат живот, живот вечен. И ако бидеме внимателни, ќе се вратиме од таму со големо богатство на разум и мудрост.

Добар пат си избрала, душо.

Благословен пат ти претстои.

Блажена си, затоа што тргнуваш по него; какви молости и штедрости те очекуваат таму! Continue reading

За душевниот мир – Св. Серафим Саровски

379219_size2

Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?

Ништо не помага толку за стекнување на душевен мир, како молчењето и, доколку си во можност, непрестајно да разговараш со себси, а со другите – ретко.   Continue reading

За безредниот живот на верниците и клирот – Св. Јован Кронштатски

largeКолку е жално да гледаме дека на Господови празници непријателот го зема од христијаните својот данок, многу голем данок, и колку поголем е празникот, толку повисок данок плаќаат христијаните на непријателот, зашто, што гледаме за време на празниците? Полна суета, разузданост на плотта (телото), пијанство, разврат, тепачки, кражби, забава. Боже мој! Какво угодување на плотта! Какво усрдно служење на ѓаволот!

Христијани ли се тие луѓе – би си помислил човек – искупени со чесната крв на Синот Божји? Во христијански времиња ли живееш или во незнабожечки? Тоа ли се причесниците со животворните Тајни? Тоа ли се луѓето, кои одат во Божјиот храм и се молат заедно со тебе на Господа? Ако се тие, за што оделе во храмот? Очигледно, само поради навика, а не по желба на, благодарното на Христа Спасителот, срце. Очигледно не се молеле на Бога, не си ги приближиле срцата кон Него, туку се приближиле до Него само со својата уста – ако барем со устата се имаат приближено – и не влегле во силата на празникот, воопшто не ја разбираат суштината и целта на христијанските празници, не учествуваат во нив така, како што децата учествуваат во семејниот празник на своите родители. Continue reading

Родители во пубертет – Архимандрит Андреј Конанос

258042.p
Едно дете ме праша: За што зборуваш во беседата? Мојата мајка те слуша, ѝ се допаѓа, но кога се враќа дома, повторно го прави истото!

По патот наваму мислев и си велев: Ајде, оди да ги кажеш пак истите работи, пак да кажат: “Колку убаво, оче!” и пак да отидат дома и пак да го прават истото. Беседите се добра работа, но понекогаш си мислам дека ние, проповедниците, кои доаѓаме, изгледа ве зашеметуваме и ве збунуваме, бидејќи еден вели едно, друг друго, слушате различни мислења; но од она што го гледам, секој човек има сопствено мислење, секој е прикован во своите ставови, мајките и татковците продолжуваат така како што се научиле, и ако попот зборува како нам ни е угодно, тој е добар, ако зборува поинаку, велиме: Тој не знае што зборува! Затоа е подобро и ние да бидеме повнимателни. Се прашував што да кажам сега, како да зборувам, да укорам или да погалам. Потоа си реков дека што и да направам, не треба да се обеспокојувам! Животот продолжува, секој дом е различен, секој го има своето семејство, проблеми, свој карактер.   Continue reading

Како да се бориме со осудувањето – Св. Теофан Затворник

6d6152125e6ee3ba09c35fb954a29e3b

“Се вовлекувам во разговори и паѓам во гревот на осудувањето. Се трудам да не осудувам и злословам. Додека молчам – ништо, но штом проговорам, како некакво помрачување да ме спопаѓа. Додека се опоменам, веќе сум се назборувала и злословила и осудила.“ Continue reading