За послушанието кон духовникот – Св. Силуан Атонски

Оној кој сака да се моли непрестано, треба да биде мажествен и мудар и за се’ да го прашува својот духовен отец. И дури и самиот духовник да нема совршено опитно познавање во молитвата, сеедно – прашај и заради твоето смирение Господ ќе те помилува и ќе те зачува од секоја неправда, а ако си помислиш во себе дека духовникот е неопитен, дека живее во суета, и решиш сам да се раководиш според книгите, тогаш ти си тргнат по опасен пат и не си далеку од прелеста. Јас познавам многумина такви кои во помислите се измамија на овој начин и не напредуваа поради презирот кон својот духовник. Тие забораваат дека во тајната дејствува благодатта на Светиот Дух Кој не’ спасува. Така врагот ги измамува и соблазнува подвижниците, за да нема молитвеници, а Светиот Дух и’ дава мудрост на душата, кога ние ги слушаме советите на нашите пастири.

Во светата тајна, преку духовникот, дејствува Светиот Дух, и поради тоа, кога си заминуваш од духовникот, душата го чувствува своето обновување во мирот и љубовта кон ближниот, а ако ти си одиш од духовникот смутен, тоа значи дека ти си се исповедал нечисто и дека самиот од сета душа не си ги простил прегрешенијата на својот брат.

Чистата молитва бара душевен мир, а мирот не доаѓа во душата ако ги нема послушанието и воздржувањето.

Светите отци го поставија послушанието повисоко од постот и молитвата, бидејќи без послушанието човек може да помисли за себе дека е подвижник и молитвеник, а оној што во сè ја отсекол својата волја пред својот старец и духовник, тој има чист ум.

Непослушниот монах никогаш не ќе спознае што е чиста молитва. Горделивиот и оној кој сака да постапува според својата волја, дури и сто години да живее во манастир, нема да спознае ништо духовно, бидејќи со непослушанието ги оскрбува своите старци, а во нивно лице – Бога.

Тешко на оној монах кој не ги слуша старците. Ќе беше подобро ако си беше останал во светот. Но и во светот луѓето се покоруваат на своите родители и ги почитуваат постарите, се потчинуваат на началниците и се покоруваат на власта.

Тешко нам! Господ, Царот на небото и земјата и на целиот свет, се смири Себе си и и’ се покоруваше на Својата Мајка и на свети Јосиф, а ние не сакаме да се покоруваме на старецот, кого Господ го љуби и на кој Тој не предал. И дури и старецот да е со лош карактер, макар тоа да е голема мака за послушникот, послушникот треба со смирен дух да се моли на Бога за него, и тогаш Господ ќе ги помилува и послушникот, и старецот.

Advertisements

11 comments on “За послушанието кон духовникот – Св. Силуан Атонски

  1. Prokimen напиша:

    Доколкото преп. Силуан е реална личност – атонски монах, която няма нищо общо с литературния герой на архимандрит Софроний Сахаров, трябва да се прави разлика между монаха Силуан и силуанизма на Софроний Сахаров и компания като богословие на сатанизма. Истината е, че идеите от книгата “Старецът Силуан” са чиста проба сатанизъм и самата книга е в противоречие със Свещеното Писание, с християнската догматика, с православната иконопис и всички православни богослужебни текстове. С няколко изречения казано, силуанизмът на Софроний Сахаров е теософия, която слага Дявола на мястото на Бога и подменя Рая с ада! Един неграмотен руски мужик, какъвто е бил Силуан, не би могъл да употреби израз от масонската терминология – че съзерцавал Бога на върха на преобърнатата пирамида!! Това издава, че житието е изфабрикувано от Софроний Сахаров, който влага своите сатанински разбирания в устата на Силуан. Прочее, почитайте Силуан, но “плюньте и дуньте” на силуанизма като богоборчество, преобръщащо християнството с краката нагоре и правещо от Православието богоборческа секта! Манията да се пропагандира тази мерзост – книгата на Софроний и неговата теософщина показва тотална богословска неграмотност и страст към бесопочитание.

    • Маран Ата напиша:

      Ще може ли да ми кажеш в коя книга и на коя страна си прочел таково нещо?

    • Маран Ата напиша:

      И още нещо: ще може ли да ми кажеш кой светител наймного харесваш и за коя православна тема обичаш да четеш наймного?

  2. ana напиша:

    Се е арно напишано ама кај да ги најдеме тие духовници во денешно време, кои ке ни бидат добар пример и на кои со радост ке им се повиниме на послушание.

    • Маран Ата напиша:

      И денеска има прекрасни духовници, кои го поучуваат народот во верата. Доколку ги немаше, тогаш ни светов не би постоел…

  3. ana напиша:

    Што да правиш ако го видиш духовникот дека лаже и дека прави зарзлами, и дека се однесува несоодветно на мантијата што ја носи?

    • Маран Ата напиша:

      Тогаш прашањето е дали навистина тој е духовник… Најдобро е за тоа да појдете и се советувате со некој од еминентните духовници од манастирите низ Македонија.

  4. ana напиша:

    Да тешко нам, арно вели Светителот. Тешко нам, бидејки Св.Нил Мироточив рекол, ќе дојде време , луѓето ќе одат од оној крај на светот на другиот , ќе бараат да слушнат слово и нема да го чујат. Нема кој да им го каже. Тешко нам, кои живееме во овие времиња.

    • Маран Ата напиша:

      Тие времиња сеуште не се дојдени… Не треба да гледаме низ црна призма, туку треба да се научиме да љубиме и да бидеме позитивни.

      • Методиј напиша:

        Јас се викам Методиј и сум од Детроит УСА И Дали можит некако да стапам во контакт со от Гаврил пошто знам дека вие сте во контакт со него или пратете ми емаил или тел сакам да поразговарам за еден предлог што имам за него во однос на неговиот Моментален статус во МПЦ…. Пошто сега само што дознав дека Петар го бркат братот затоа ве молам контактирајтеме на мојот емаил

  5. Методиј напиша:

    Јас се викам Методиј и сум од Детроит УСА И Дали можит некако да стапам во контакт со от Гаврил или пратете ме емаил или тел сакам да поразговарам за еден предлог што имам за него во однос на неговиот Моментален статус во МПЦ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s