Клирикализмот во Православието – Отец Александар Шмеман

Shmeman1Клирикализамот гуши; се оддалечува од светотаинскиот карактер на Црквата; својата моќ ја претвора во света моќ со која контролира, води, управува; моќта со која се извршуваат светите тајни, и воопшто, секоја моќ ја претвора во „моќ која што ми е дадена“! Клирикализмот ја одвојува сета „светост“ од обичните луѓе: со иконостасите, причеста (со посебна дозвола), теологијата. Накратко, клирикализмот de facto е негирање на Црквата како Тело Христово, бидејќи во телото сите органи се поврзани и различни само по функција, но не и по суштина. И што повеќе клирикализмот се „клирикализува“ (традиционална претстава за Епископите или свештениците, нагласена со облеката, косата итн., на пример, владиката облечен во целосна регалија), толку повеќе црквата станува сѐ посветовна, духовноста се потчинува на светот.

Во Новиот Завет свештеникот е претставен како примерен лаик (мирјанин). Но, речиси веднаш после тоа почнува нивно одвојување од лаиците; и тоа не е само одвојување, туку и спротивставување на лаиците. И повторно, најочигледен облик на ова одвокување е исклучување на лаиците од причеста како полнота на нивното бивање дел од Телото Христово. Наместо да биде „образец за верните“ (1 Тимотеј 4:12), тој станува „господар на сакралноста“, одвоен од верните, делејќи ја благодатта според негово наоѓање.

Тоа е коренот на спротивставување на честото причестување од страна на некои свештеници – заштита на причеста со исповед, отпуштање на гревови, “со власта што ми е дадена“ итн… Оваа борба сега видливо се заострува под влијание на свештениците, кои се опседнати со својата моќ, со својата „светост“. Ништо повеќе не им се заканува на нивниот авторитет од враќањето на Евхаристијата на Црквата, обновување на Евхаристијата како Света Тајна, а не како „еден од начините за осветување“…

Трагедијата во теолошкото образование лежи во фактот дека младите луѓе, коишто сакаат да станат свештеници, свесно или несвесно, го сакаат тоа одвојување, моќ, издигање над мирјаните. Нивната жед ја предизвикува и засилува целиот систем на теолошкото образование и клирикализмот. Како тие можат да сфатат, не само со умот, туку и со целото битие, дека човекот мора да бега од моќта, од било каков вид моќ, која секогаш е искушение и секогаш доаѓа од ѓаволот? Христос нас нѐ ослободи од таа моќ – „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата…“ (Матеј 28:18) – откривајќи ја Светлината на моќта како моќ на љубовта, жртвеното давање на самиот себе. Христос на Црквата не ѝ ја дал „моќта“, туку Светиот Дух: „Примете Дух Свети“… Во Христа, моќта се врати на Бога, а човекот е излечен од владеење и командување.

Во 61-вата година од својот живот одеднаш се прашав: Како сето тоа се има така извитоперено? И самиот се уплашив!

 

Извор: Клирикализам у Православљу

On Clericalism and Eucharist

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s