Архиепископ Серафим Соболев канонизиран за светител

n115_sobolev_seraphim_churchНа 3-ти февруари 2016 година, Православната Црква официјално се стекна со уште еден светител. На Архиерејскиот Собор на Светиот Синод на Руската Православна Црква, која се оддржа во Соборниот храм Христос Спасителот во Москва, предлогот за канонизација на архиепископ Серафим (Соболев) беше подетално разгледан. На соборот присуствуваше и делегација од Бугарската Православна Црква, вклучувајќи го Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Јован Варненски и Великопреславски, Знеполскиот Епископ Арсениј, викар на Пловдивскиот Митрополит, архимандрит Теоклист (Димитров), и претставник на бугарскиот Патријарх пред Руската Православна Црква.

Говори за животот и почитта кон светителот беа оддржани од страна на Митрополитот Волоколамски – Иларион, началник на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, и Митрополитот Јован, сопретседател на Заедничката Комисија на Руската и Бугарската Православна Црква за канонизација на Архиепископ Серафим.

e84e6b62f26ca177e6866a5a202b5d4fРускиот Патријарх Кирил ја нагласи потребата од канонизација на Архиепископ Серафим, исто како и Митрополитот на Источна Америка и Њу Јорк на Задграничната Руска Православна Црква – Иларион; Митрополитот Ришки и Селатвиски – Александар; Митрополитот Вороњежки и Лискински – Сергеј; Митрополитот Рјазански и Микхаиловски – Марко; Архимандрит Филип (Василицев); и Ректорот на црквата Св. Николај Мираликиски во Софија, Бугарија, подворие на Московската Патријаршија, каде е лоциран кивотот на Архиепископ Серафим.

Членовите на Соборот едногласно се изјаснија за прославување на Архиепископ Серафим, кој долги години беше почитуван во Бугарија и Русија, по што Митрополитот Иларион го прочита официјалинот документ на Светиот Епископски Синод, објавувајќи ја канонизацијата на Архиепископ Серафим и неговото вбројување меѓу светиите.

18f7626a38d6ccd8e9dae50143390dfaПо испеаното величание кон новоканонизираниот светител, Патријархот Кирил на Митрополитот Јован, како дар на Бугарската Православна Црква, му врачи икона од Св. Серафим, иконописана од Св. Петербуршката Теолошка Академија.

Нека Господ, по молитвите на светиот Серафим Соболев, ни дарува прошка на гревовите и спасение на нашите души!

7e38e7d41ed1aba5266b724bb9680b72

Извор: Archbishop Seraphim (Sobolev) is Canonized
Руската църква канонизира архиеп. Серафим (Соболев) за светец


		
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s