Архиепископ Серафим Соболев канонизиран за светител

n115_sobolev_seraphim_churchНа 3-ти февруари 2016 година, Православната Црква официјално се стекна со уште еден светител. На Архиерејскиот Собор на Светиот Синод на Руската Православна Црква, која се оддржа во Соборниот храм Христос Спасителот во Москва, предлогот за канонизација на архиепископ Серафим (Соболев) беше подетално разгледан. На соборот присуствуваше и делегација од Бугарската Православна Црква, вклучувајќи го Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Јован Варненски и Великопреславски, Знеполскиот Епископ Арсениј, викар на Пловдивскиот Митрополит, архимандрит Теоклист (Димитров), и претставник на бугарскиот Патријарх пред Руската Православна Црква. Continue reading

Advertisements

Свето Писмо на македонски јазик

За сите оние кои не можат да набават печатена верзија на Светото Писмо на македонски јазик, а имаат желба да се поучуваат во Законот Божји, уредниците на Агапи.МК се потрудија да Стариот и Новиот Завет ни ги направат достапни и во електронска верзија. Да Му благодариме на Бога и да се помолиме за трудољубивите души од сајтот што и нам ни принесоа зрнце љубов (агапи) од своето ревносно срце. По молитвите на сите пророци и апостоли, кои во наследство ни го оставија пишаното Свето Предание на нашиот Господ и Бог Исус Христос, да има исполнување на уште многу вакви проекти во Името Негово!

christ-bible

Светото Писмо или Библијата (Библија, од грч. βιβλια, „книга“) е збир на свештени списи, книги кои се вдахновени од Светиот Дух, чувани во Црквата и толкувани низ вековите во периодот од 13 век пред Христа, до последните новозаветни списи од крајот на 1 век после Христа. Во Библијата е собрана Божјата објава запишана во збирка на книги пишувани преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух. Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото. Во Стариот Завет книгите со божествено потекло, дадени на човекот преку Мојсеј и другите пророци се сметаат за толку скапоцени, што луѓето ги нарекуваат само Книга на Заветот (1 Мак 1,57; Сир 24,25; Дан 9,2).

Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји упатен до секој човек. Continue reading

Новомаченик Фади Џамил Хадад

Дамаск (Agenzia Fides) – На 24.10.2012 година во Џарамана, северно од Дамаск, беше пронајдено телото на православниот свештеник, настојател на црквата св. Илија во Катана, Фади Џамил Хадад, кој на 19-ти октомври беше киднапиран од неидентификувана вооружена група. Ова беше потврдено за Fides од страна на негов собрат, кој сакаше да остане анонимен. “Неговото тело беше ужасно измачувано и неговите очи беа издлабени“, рече тој за Fides. „Тоа е апсолутно терористички акт. Отец Хадад е маченик на нашата црква“. Continue reading

СЕЛЕКТИВНА ДЕМОКРАТИЈА

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА  ПРАВОСЛАВНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Тел: + 389 77 762 939

e-mail: pravoslavni.vrednosti@gmail.com

Во едно демократско општество кое се темели врз почитувањето и заштитата на човековите слободи и права, меѓу кои своето место го наоѓа и слободата на вероисповед, неправедно е да се постапува спротивно на слободата на верниците на тој начин што нивните чувства ќе бидат исмеани и повредени преку поставување на билборди кои презентираат некакво ’’средство што ги чисти и најнедостапните површини’’, алудирајќи така на фреските во црквата Св. Димитриј во Скопје.

Почитувани, во сржта на православието е да се почитува слободниот избор на секој поединец. Но, во овој случај таа слобода ги пречекорува своите граници не само во религиозна, туку и во морална, етичка и правна смисла. Имено, на секој од нас слободата да мисли и да го изразува своето мислење му е неограничена, се’ додека таа не ги загрозува или повредува слободата и правата, изборот на другиот. Тоа е токму она што се случува во моментов. Дополнително, примената на овие демократски начела на кои сите се повикуваме, не е селективна. Човекот треба да биде демократичен не само кога демократијата му оди нему лично во прилог, туку и во обратен случај.  Continue reading

Курско-Коренската икона на Пресвета Богородица

На 7 ноември во Мелбурн, во храмот на Руската Православна Црква посветен на Покровот Богородичен, како и на 8 ноември во храмот посветен на Света Троица, беше донесена за поклонение чудотворната икона на Пресвета Богородица, наречена „Курско-Коренска Знамение“. Во текот на богослужбата и поклонението на иконата, парохискиот свештенослужител отец Игор Филиановски ги миропомаза сите верни со благословено миро од иконата. Continue reading

Прославување на Баташките и Новоселските маченици во Бугарија

Во Неделата на св. Јован Лествичник, на 3-ти април, во храмот “Св. Александар Невски” се изврши официјалното вбројување на жртвите на Баташкиот и Новоселскиот колеж за време на Априлското востание од 1876 г. кон ликот на светиите на Булгарската Православна Црква, а со тоа и на целата Православна Црква. Канонизација беше извршена од страна на Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Максим во сослужување на митрополити, епископи и други духовници од Бугарската Православна Црква, претставници на духовната семинарија, на Светиот Синод, свештеници. Игуменот на Зографскиот манастир архимандрит Амвросиј, исто така присуствуваше во храм “Свети Александар Невски”. Лично Патријархот Максим ги освети иконите со изобразбите на мачениците. На канонизација присуствуваа и претседателот Георги Парванов, други личности од политичката сцена, како и верен народ од земјата. Continue reading

Православните верни од Јапонија просат молитви

Деновиве најсилните земјотреси во Јапонија се повторија неколку пати. Имаше експлозија на нуклеарна централа, по што властите започнаа голема евакуација на околните области. Се вели дека има повеќе од 1.700 жртви и повеќе од 10 илјади исчезнати лица. Ова е првичното известување кое пристигна од епархијата на Руската Православна Црква во Јапонија.  

Веднаш по експлозијата во нуклеарната централа, новинар на вебсајтот “Православието и светот” стапи во контакт со отец Николај Катсубан, свештеник на Руската Православна Црква во Јапонија.  Continue reading