За вистинското и лажното смиреноумие – Св. Игнатиј Брјанчанинов

mytar-farisej-600-1„Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост“ (Кол. 2,18), порачува Светиот Апостол Павле. Вистинското смиреноумие се состои во послушание и одење по Христа (Фил. 2,5-8). Вистинското смиреноумие е духовен разум. Тоа е дар Божји; тоа е дејство на благодатта Божја во умот и срцето на човекот. Постои и промислено смиреноумие: него го измислува за себе суетната душа, опрелестената и измамената душа со лажни учења, душата којашто сама себе си ласка, душата што бара ласкање од светот, душата којашто целосно се стреми кон земно напредување и земни наслади, душата којашто заборавила на вечноста, на Бога. Continue reading

За борбата со гревовите – Св. Василиј Велики

p18vtnjaqi8gno3414m618f6ioi3Премолчаниот грев е гнојна рана во душата. Како ние што го нарекуваме благодетел не тој, којшто го остава штетното во телото, туку напротив, оној којшто го вади надвор… така, очигледно е, дека да се крие туѓиот грев, значи да се подготвува смрт за болниот. Зашто е речено: „Осилото на смртта е гревот“ (Кор. 15,56). „Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов (Изрек. 27,5). Ете зошто да не ги прикриваш гревовите кај другите, за да не станеш наместо братољубец – братоубиец. Не прикривај ги ниту гревовите во себеси. Зашто е речено: „Оној, што не се исцелува себеси од гревовите, брат му е на оној што се погубува себеси“ (Изрек. 18,9)… А ако за обраќањето на некого, како коринтски блудник, се покаже дека не е доволно да добие осудување и негодување од мнозина, тогаш на таквиот треба да се гледа како на незнабожец…

Continue reading

Покорност и кон животните – Старец Пајсиј Светогорец

tumblr_ni50z0CSs31sf40xbo1_250Мојот ум ми вели дека дури и животните се подобри од мене, така што јас се смирувам себеси и им се покорувам. Многу рано, ова утро, бидејќи бев уморен од сеноќна молитва и истоштен поради мојата болест, легнав да се одморам. По кратко време, слушнав маче како мјаука надвор од мојата ќелија, како да му треба нешто. Навистина сакав да се одморам, но се смирив себеси и отидов против мојата сопствена волја. Се покорив на мачето и му одговорив на неговиот повик. Отидов да ја отворам вратата. Почна да врне, така што го пуштив внатре за да не наврне. Што мислиш? Треба ли да им се покорувам на животните или не? Моите мисли ми велат дека треба! Continue reading

Неправдата се протегнува и врз потомците – Старец Пајсиј Светогорец

1601303_643362782409603_719789018064410828_a– Оче, кога дојдов да станам монахиња, родителите мои се однесоа несправедливо кон мене. Може ли да го побарам она, што ми следува според закон?

– Не, не бива.

– Се плашам да не ги стигне некое зло заради неправдата.

– Да, ете тоа е чисто љубочестие! Ако јас бев на твое место, би им рекол: „За себе ништо не сакам, но оној дел што ми следува, би сакала со вашите сопствени раце да го раздадете на сиромасите. Дајте им најпрво на нашите бедни роднини. Тоа ви го велам, за да не би Божјиот гнев ги стигне вашите деца“. Бидејќи, понекогаш се случува таткото да се загрижи за својата душа и да даде некакви средства, на пример на некакво сиропиталиште, а на своето дете ништо да не остави. Continue reading

Неправдата се протегнува и врз потомците – Старец Пајсиј Светогорец

55912.b– Оче, кога дојдов да станам монахиња, родителите мои се однесоа несправедливо кон мене. Може ли да го побарам она, што ми следува според закон?

– Не, не бива.

– Се плашам да не ги стигне некое зло заради неправдата.

– Да, ете тоа е чисто љубочестие! Ако јас бев на твое место, би им рекол: „За себе ништо не сакам, но оној дел што ми следува, би сакала со вашите сопствени раце да го раздадете на сиромасите. Дајте им најпрво на нашите бедни роднини. Тоа ви го велам, за да не би Божјиот гнев ги стигне вашите деца“. Бидејќи, понекогаш се случува таткото да се загрижи за својата душа и да даде некакви средства, на пример на некакво сиропиталиште, а на своето дете ништо да не остави. Continue reading

Неправедниот се измачува – Старец Пајсиј Светогорец

1(2)Оној, којшто неправедно постапува, но и воопшто секој, којшто е виновен, кога нема да побара прошка, бива мачен од совеста, а освен тоа и од негодувањата на човекот врз којшто извршил неправда. Бидејќи ако оној, врз којшто била извршена неправда, не му прости и ропта во своето срце против него, тогаш неправедниот силно се измачува и страда. Не може да спие спокојно. Небаре го удираат бранови и го расфрлаат натаму-наваму. Чудно е тоа како тој бива известуван внатрешно за негодувањето на својот ближен! Така и ако човек сака некого и има убави мисли за него, другиот бива известен внатрешно за тоа. Така е и во случајот со неправедниот. Возмутувањето и негодувањето на оној што е онеправден сосема го сосипуваат. Дури и да е далеку, било во Австралија, било во Јоханесбург, не може да најде спокој, кога поради него душата на другиот негодува. Continue reading

Неправдата е голем грев – Старец Пајсиј Светогорец

Неправдата го собира врз себе Божјиот гнев 

34664Големо нешто е човек да го има Божјиот благослов! Тоа е богатство! Она што е благословено, пребива и не се руши. Она што не е благословено, не останува долго. Неправдата е голем грев. Сите гревови имаат олеснителни околности, но неправдата нема такви. Таа го собира врз себе Божјиот гнев. Страшно нешто! Оние, кои вршат неправда, собираат оган врз своите глави. Гледаш како некои вршат неправда, а потоа умираат нивни блиски луѓе, но тие не оддаваат значење на тоа. Како луѓето да имаат напредок при толку многу неправди? Си го вршат своето, му даваат право на ѓаволот и затоа потоа биваат подложени на испитувања, ги стигаат болести итн. И после ти велат: “Моли се за мене, за да оздравам.” Continue reading