Довидување

Candle Smoke

Ќе недостигаш…

Спомените ќе те враќаат назад во живот за кратко,

и после пак ќе исчезнеш.

Сепак, понекогаш тука ќе си. И тоа е утеха.

Утеха за непомирените со смртта.

А оние, кои сфатиле, ќе останат со прашањето

до каде те одвело изминатото битисување во овој свет.

И пак ќе останат без одговор. Не затоа што го нема,

туку бидејќи чека времето да измине за да се открие и стане јасен.

А тоа време е до повторната средба.

До тогаш, само надеж за место радосно, без болка и тага, дарувано по милост.

И желба да се видиме на иста страна… горе…

До следното видување!

Advertisements

Дај ми, Господи…

Слика

Дај ми, Господи, солзи, за оние кои од бурата на животот однесени,

надежта своја во Тебе не ја полагаат!

Дај ми, Господи, солзи, за оние кои од Твојата љубов допрени,

достојно не Ти возвраќаат!

Дај ми, Господи, солзи, за оние кои за Тебе насушна потреба имаат,

но да Те вкусат не сакаат!  Continue reading

За молитвата, љубовта и за нашиот допир со другите светови

Извадок од поуките на старец Зосима

од романот „Браќа Карамазови“ на Ф. Достоевски

Момче, не заборавај ја молитвата. Секој пат во твојата молитва, ако е искрена, ќе заблеска ново чувство, а во него и нова мисла, која порано не си ја знаел и која одново ќе те ободри; и ќе разбереш дека молитвата е воспитување. Исто така запомни: секој ден и секогаш, кога можеш, кажувај си на ум: „Господи, помилувај ги сите кои денеска се јавија пред Тебе“, затоа што секој час и секој миг илјадници луѓе го напуштаат својот живот од оваа земја и нивните души застануваат пред Господа – и колкумина од нив се разделиле од земјата во самотија, без никој да знае, во тага и скрб, така што никој нема да жали за нив и дури не знае за нив: живи ли се или не. И ете, можеби од другиот крај на земјата и твојата молитва ќе се вознесе кон Господа за негово упокојување, иако ниту ти си го познавал, ниту тој тебе. Колку умилно е на неговата душа, застаната во страв пред Господа, да почувствува во тој миг дека има некој кој се моли и за него, дека останало на земјата човечко суштество кое го сака и него. Пак и Бог помилостиво ќе погледне кон двајцата, затоа што, штом ти толку си го сожалил, колку повеќе ќе се сожали Оној, Кој е бесконечно помилосрден и со поголема љубов од тебе. И ќе му прости заради тебе.  Continue reading

Господ ни зборува

Ме нарекувате Господ, а сеуште Сум далеку од вашите срце.

Ме нарекувате Учител, а не учите од Мене.

Ме нарекувате Пат, а сепак не Ме следите.

Ме нарекувате Вистина, а не Ме сведочите.

Ме нарекувате Љубов, а не Ме љубите. Continue reading