ПОКАЈАНИЕ – Ден 6

Ангелот на покајанието

Слово од Свети Теофан Затворник
Од „Четири беседи за појаснување на книгата ‘Пастир’
од Свети Апостол Ерма”

Со што можеш да ја спасиш својата душа

sv-ermasДосега чуеното од писанијата на свети Ерма сеуште не е сè што имав намера да ви пренесам и што може да ви послужи во вашиот труд во благоустројувањето на вашите срца. Чујте уште. Мислам дека словото на апостолскиот маж ќе биде поубедливо за вас од нашето немоќно многусловие. Затоа, не сакам до го оставам, сè додека не стигнам до крајот. По виденијата, за кои веќе ви зборував, кај свети Ерма следат заповедите, кои се тема на втората книга на неговиот “Пастир”. Кон нивното изложување, тој пристапува вака: “Се молев – вели тој, – дома и потоа седнав на креветот. И ете, видов дека влезе еден маж, кој влева почит со својот вид, во облека на пастир. На него беше наметната бела наметка, на грбот му висеше торба и во рацете држеше стап. Тој ме поздрави, го поздравив и јас. Потоа тој седна до мене и рече:

Continue reading

Advertisements

Клирикализмот во Православието – Отец Александар Шмеман

Shmeman1Клирикализамот гуши; се оддалечува од светотаинскиот карактер на Црквата; својата моќ ја претвора во света моќ со која контролира, води, управува; моќта со која се извршуваат светите тајни, и воопшто, секоја моќ ја претвора во „моќ која што ми е дадена“! Клирикализмот ја одвојува сета „светост“ од обичните луѓе: со иконостасите, причеста (со посебна дозвола), теологијата. Накратко, клирикализмот de facto е негирање на Црквата како Тело Христово, бидејќи во телото сите органи се поврзани и различни само по функција, но не и по суштина. И што повеќе клирикализмот се „клирикализува“ (традиционална претстава за Епископите или свештениците, нагласена со облеката, косата итн., на пример, владиката облечен во целосна регалија), толку повеќе црквата станува сѐ посветовна, духовноста се потчинува на светот. Continue reading

Неправедниот се измачува – Старец Пајсиј Светогорец

1(2)Оној, којшто неправедно постапува, но и воопшто секој, којшто е виновен, кога нема да побара прошка, бива мачен од совеста, а освен тоа и од негодувањата на човекот врз којшто извршил неправда. Бидејќи ако оној, врз којшто била извршена неправда, не му прости и ропта во своето срце против него, тогаш неправедниот силно се измачува и страда. Не може да спие спокојно. Небаре го удираат бранови и го расфрлаат натаму-наваму. Чудно е тоа како тој бива известуван внатрешно за негодувањето на својот ближен! Така и ако човек сака некого и има убави мисли за него, другиот бива известен внатрешно за тоа. Така е и во случајот со неправедниот. Возмутувањето и негодувањето на оној што е онеправден сосема го сосипуваат. Дури и да е далеку, било во Австралија, било во Јоханесбург, не може да најде спокој, кога поради него душата на другиот негодува. Continue reading

Канонизирани светители во 2013 година

01Во јануари 2013 г. Украинската Православна Црква ги канонизира свештеномачениците Адриан Вожаков (+1937) и Димитриј Сурмели (+1937). Протоереј Димитриј Сурмели, по потекло грк, е стрелан поради тоа што „под маската на религиозната дејност, извршувал контрареволуционерна агитација“. А протоереј Адриан Вожаков е убиен поради тоа што продолжил да служи Света Литургија и да крштева деца во својот дом, откако бил затворен неговиот храм од страна на болшевиците. Нивниот спомен ќе се слави на денот на нивната прослава – 5-ти јануари. Continue reading

„Православен календар“ – бесплатна апликација за Андроид

Од денес во употреба е пуштена бесплатната апликација „Православен календар“ за Андроид мобилните уреди, која содржи инфомации за  светителите и празниците за наредните неколку  години, како и за постот.

Android app on Google Play

Преземено: МПЦ-ОА

Денеска (2 јули / 19 јуни) го славиме споменот на св. Јован Шангајски

Фотографии од преоблекувањето на моштите на св. Јован минатата година во октомври. Јасно може да се види неговата коса и неговата кожа, и покрај тоа што е упокоен пред повеќе од 45 години.

Преземено: www.wadiocese.com