Покорност и кон животните – Старец Пајсиј Светогорец

tumblr_ni50z0CSs31sf40xbo1_250Мојот ум ми вели дека дури и животните се подобри од мене, така што јас се смирувам себеси и им се покорувам. Многу рано, ова утро, бидејќи бев уморен од сеноќна молитва и истоштен поради мојата болест, легнав да се одморам. По кратко време, слушнав маче како мјаука надвор од мојата ќелија, како да му треба нешто. Навистина сакав да се одморам, но се смирив себеси и отидов против мојата сопствена волја. Се покорив на мачето и му одговорив на неговиот повик. Отидов да ја отворам вратата. Почна да врне, така што го пуштив внатре за да не наврне. Што мислиш? Треба ли да им се покорувам на животните или не? Моите мисли ми велат дека треба! Continue reading

Светоотечки поуки за покајанието

Авва Ор (IV век?)

† Во какво искушение и да си, не жали се од никого, освен од себе си, и вели: “Тоа со мене се случи поради моите гревови“.  

 

Св. Јован Лествичник (525-606)

† Покајанието е ќерка на надежта и одрекување од очајанието.  

 

Continue reading

За долготрпението – Св. Ефрем Сирин

Храна за огнот се дрвата, а храна за раздразливоста е високоумието (високото мислење за себе). Биди долготрпелив… Долготрпението е прекрасен дар, тоа ја истерува раздразливоста, гневот и презирот, приведувајќи ја душата кон смиреноумие… Не можеш да ги поднесеш навредите? Молчи и ќе се смириш. Continue reading

Светоотечки поуки за постот

Св. Антониј Велики (ca. 251–356)

† Немој да имаш доверба во својата преведност и скроти ги својот јазик и стомак.

 

 

Св. Ефрем Сирин (306-373)

† Постот е мир во домот.

† Постот е мајка на здравјето.

† Узда за страстите е постот, а умртвување на страстите е молитвата со милостињата.

† Постот ја вознесува молитвата на небо.

† Ревносно постејќи, ќе го победиме злиот и ќе имаме удел во Царството Небесно.

† Блажен е оној кој го љуби воздржувањето и не се подложува на осуда како сластољубец заради својот стомак, затоа што ќе биде прославен во Господа.

† Воздржувањето од храна и пиење е обележје на добар живот.

 

 

Св. Василиј Велики  (330 — 379)

† Постот е древен дар кој не старее, туку непрестајно се обновува и цвети во полна убавина.

† Со кој брод може еден капетан полесно да управува и да го спаси во морската бура – со оној кој е претоварен или со оној кој носи нормална тежина?

† Покајанието без пост не е потполно.

† Почитувај ја древноста на постот. Тој е стар колку и самото човештво.

† Aко Ева постеше и не пробаше од дрвото, ние не би имале потреба за пост.

† Од јадење пости привремено, а од невоздржание – постојано.

† Бидејќи не постевме, исфрлени сме од рајот! Затоа ќе постиме, за потворно да влеземе во рајот.

 

 

 Св. Јован Златоуст (Хризостом) (347-407)

† Христос вели: „Овој род се изгонува само со молитва и пост“ (Мат. 17:21). Ако постот така ги прогонува непријателите на нашето спасение и ако е толку страшен за непријателите на нашиот живот, тогаш треба да го сакаме и да го примаме со радост, а не да се плашиме од него.

† Невозможно е оганот да гори во вода, невозможно е и покајание без пост.

† И молитвата и постот се бескорисни за тебе кога не се украсени со вера, надеж и љубов.

† Постам со очите, воспитувајќи ги да не потскокнуваат кон убави и соблазнителни глетки, ниту да се восхитуваат на туѓата убавина. Зашто гледањето е храна за очите, но ако е беззакона и нападна, таа му штети на постот, спречувајќи секакво душевно спасение, а ако, пак, е богоугодна и го укрепува духот – го украсува (постот).

† Невозможно е, сосема е невозможно да пребиваат со Бога оние кои претходно не се потрудиле да се исцелат со пост.

 

 

Св. Јован Касијан (360—435)

† Ако ние, постејќи телесно, бидеме фатени во мрежата на најпогубните душевни страсти, истоштувањето на телото нема да ни донесе никаква корист.

† Ако ние, постејќи телесно, бидеме фатени во мрежата на најпогубните душевни страсти, истоштувањето на телото нема да ни донесе никаква корист.

† Постот станува жртва пријатна на Бога, тогаш кога е украсен со плодови на љубовта.

 

 

 Авва Исидор Презвитер († 436)

† Ако се гордеете со постот, подобро е да јадете месо.

 

 

Св. Нил Синајски († 450)

† Плашливиот војник трепери од звукот на трубата што ја најавува борбата, а стомакоугодникот од најавувањето на почетокот на постот.

† Похотта кон јадењето породила непослушност, а слаткото јадење довело до изгонување од рајот. 

 

 

Авва Пимен Велики (340 – 450)

† Душата со ништо така не се смирува, како некој кога е воздржан во храната.

 

 

Св. Лав Римски  (440 – 461)

† Пазењето на воздржанието е запечатено од четирите сезони, за да можеме преку целата година да помниме дека постојано имаме потреба од очистување и дека преку постот и милостињата треба да го искоренуваме гревот, кој се преумножува од слабостите на плотта и нечистите желби.

 

 

Св. Марко Подвижник (IV – V век)

† Постот им носи радост на оние кои разумно му пристапуваат, додека им штети на оние кои неразумно му пристапуваат.

 

 

 Блажени Диадох Фотикиски (400—474) 

† Подвижниците се воздржуваат од храна не затоа што ја сметаат по природа зла, туку за да го скротат телото.

† Начинот на исхрана треба да се усклади со силата и здраствената состојба на телото. Кога е здраво, да се ограничи колку што е потребно; а кога е слабо, малку да му се попушти.

 

 

 

Св. Варсануфиј Велики (†563)

† Правилниот пост е потполно туѓ на унинието, како и на исцрпувањето.

† Ако човек јаде само еднаш дневно, но неразумно, каква корист има од тоа?

 

 

Авва Доротеј од Газа (505-565)

† Ние мораме да имаме мера не само во храната, туку мораме да се воздржуваме и од секој друг грев.

 

 

Св. Јован Лествичник (525 – 606)

† Постот е смирено воздивнување и ведра скрушеност.

† Постот е очистување на молитвата.

† Кога стомакот се обуздува, тогаш се смирува и срцето; а ако стомакот е успокоен со храна, тогаш срцето се вознесува со помисли.

† Постот е виновник за бестрастието, отпуштањето на гревови и блаженството на рајот.

† Умот на оној што пости, се моли трезвено.

 

 

Св. Исаак Сирин († 700)

† Постот не допушта паметење на зло.

† Она што е огнениот пламен меѓу суви дрва, тоа е и телото со полна утроба. 

 

 

Св. Теодор Студит (759—826)

† Да се јаде и пие треба достоинствено, спасоносно за душата и окрепувачки за телото за да може да ги обавува потребните разботи.

 

 

  Св. Теодор Едески († 848)

† Во посно време – пости, но знај дека на Бога Му е угоден постот не само на телото, т.е. воздржување на стомакот, туку пред се’ воздржување на ушите, очите, јазикот, а исто така и на срцето од служење на страстите. 

 

 

Св. Симеон Нов Богослов (949 – 1022)

† Оној што се подвизува и животот го минува како што заповеда Светото Евангелие, тој може постојано да се храни и да живее само од вода и леб, и притоа да биде со подобро здравје од оние кои јадат многу различни јадења. 

 

 

Св. Григориј Палама (1296-1359)

† Нека твојот пост биде како гулабица која носи маслиново гранче и ти јавува радосна вест за ослободување од потопот.

† Целта на постот, заради која тој и е озаконет и така почитуван кај христијаните, е очистување на душата. 

 

 

Св. Серафим Саровски (1759 – 1833)

† Во среда и петок, а особено за време на четирите поста, по примерот на отците, употребувајте храна еднаш на ден и Ангелот Господов ќе се прилепи за вас.

 

 

 Св. Игнатиј Брјанчанинов (1807-1867)

† Главна добродетел е – молитвата, нејзина основа е – постот.

† Бог го прифаќа постот кога му претходи милоста.

† Светиот Дух насекаде пропишува соединување на постот со молитвата.

† Законот за постот, кој наизглед е закон за цревата, всушност е закон за умот. 

 

 

Св. Теофан Затворник (1815- 1894)

† Постот и подвижничкиот живот се најдобро средство за зачувување на здравјето.

† Господ постел, апостолите постеле, и притоа не малку, туку пребивале, како што вели апостол Павле за себеси, често во пост; и сите Божји светии пазеле строг пост, така што ако ни беше дадено да ги видиме рајските обители, таму не би нашле ниту еден кој го избегнувал постот.

† Со нарушуавње на постот го раскина општењето со Бога и Адам беше избркан од рајот. Постот го смирува телото. 

 

 

Св. Јован Кронштатски (1829 – 1908)

† Пости и моли се и ќе оствариш големи дела. Ситиот човек не е способен за големо дело.

† Христијанинот е потребно да пости и заради тоа што со вочовечувањето на Синот Божји човековата природа е продуховена и обожена.

 

 

Св. Николај Жички (Велимировиќ) (1881 – 1956)

† Прво пост, а сето останато доаѓа со постот и преку постот.

† Со постот човекот се вежба за великодушност, а со опростување на навредите подарува великодушност.

† Кога човек ќе ја согледа благодатта на постот, тој сака да пости се’ повеќе и повеќе.

† Пост значи ослабување на врските на срцето со светот и зацврстување на врските на срцето со Бога.

 

 

Св. Јован Шангајски (1896 – 1966)

† Постот е жртва за Бога принесена од нашето тело.  

 

 

Старец Тадеј (1914 – 2003)

† Со постот човекот ја покажува својата добра волја.

 

 

 

 

 

 

 

Светоотечки поуки за смирението

Св. Варсануфиј Велики и Јован Пророк

† Првото смирение се состои во тоа братот да го сметаш поразумен и во се’ подобар од себе, или себеси да се сметаш за најмал од сите. Второто смирение, пак, се состои во тоа своите подвизи да ги препишуваш на Бога. Тоа е совршеното смирение на светиите.

† Во сите случаи треба да прибегнуваме кон смирението, зашто смирението лежи на земјата, а оној кој лежи на земјата, не може да падне. А оној, пак, кој се дига на високо, лесно паѓа.

 

 

 Св. Григориј Богослов

† На смирените им се дава опростување на гревовите.

 

 

Св. Григориј Синаит

† Кога ѓаволот гледа дека некој живее плачејќи, тој таму не пребива, затоа што се плаши од смирението што доаѓа од плачот.

 

 

Св. Димитриј Ростовски

† Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога.

 

 

Св. Ефрем Сирин

† Блажен е оној кој секогаш доброволно се смирува себе си , затоа што ќе биде овенчан од Оној Кој доброволно Себе Си се смири.

 

 

Авва Исаија

† Смирение е да мислиш за себе дека си грешник и дека ништо добро не правиш пред Бога.

 

 

Св. Исаак Сирин

† Има смирение поради страв Божји, а има и смирение од љубов кон Бога.

 

 

 Св. Јован Златоуст

† Кој се правда пред Бога, нечист е, макар и да е посвет од сите луѓе; напротив, оној кој себеси се смета за последен меѓу сите, станува праведен.

† Покајанието го обновува паднатиот; плачот заради гревовите чука на небесните врати, а смирението ги отвора.

 

 

Св. Јован Кронштатски

† Ние сме должни пред другите не да се воздигнуваме, туку да се смируваме.

 

 

Св. Јован Лествичник

† Смирението е извор на расудување.

 

 

Св. Макариј Оптински

† Подобро е за нас, откако ќе ги согледаме своите падови, да се смируваме и неволно да се сметаме себеси за полоши од другите, отколку да ги гледаме своите божемни подвизи, а да на се потопуваме во длабочината на смиреномудрието.

 

 

Св. Максим Исповедник

† Како што оганот и водата не можат да бидат заедно, така и самооправданието и смирението се исклучуваат едно со друго.

 

 

Св. Нектариј Егински

† За да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце. Затоа и вели: „Но, на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирен дух и кој трепери од моите зборови“ (Ис. 66,2).

 

 

Старец Николај (Гурјанов) Залитски

† Смирението е како полн пченчен клас – колку е пополн и позрел, толку потешко и пониско паѓа кон земјата.

 

 

Авва Пимен

† Што значи да се верува? Да се верува значи да се пребива во смирение и милост.

 

 

Св. Серафим Соболев

† Без смирението, ниту една од добродетелите нема никаква спасителна сила за нас.

 

 

Св. Силуан Светогорец

† Сакам да се научам на смирение и Христова љубов, никого да не навредам и разжалостам, туку за секого да се молам како за самиот себе.

 

 

Св. Симеон Нов Богослов

† Оној што сака да биде мудар бидејќи ги минал сите науки и е упатен во надворешната мудрост, никогаш нема да се удостои да проникне во тајните Божји и да ги спознае, ако претходно не се смири…отфрлувајќи ја заедно со умисленоста и така добиената ученост.

 

 

Св. Филарет Московски

† Вистина е дека преку ден можат да се видат ѕвездите, но од длабочина. Длабочината мора да биде ниска и вертикална, недостапна за сончевата светлина. Колку човекот е подлабоко во своето смирение, толку подобро го гледа Небото.