СЕДМИЦА ВТОРА 

monkПОЧЕТОК

Во следните седум дена, љубезна душа, наш водач на патот на покајанието ќе биде самиот свет великомаченик, Божјиот угодник, Георгиј. Ќе поминеме низ најсветли и чудни места, земни и небесни, ќе чуеме неискажани, прекрасни, спасителни зборови, кои даваат живот, живот вечен. И ако бидеме внимателни, ќе се вратиме од таму со големо богатство на разум и мудрост.

Добар пат си избрала, душо.

Благословен пат ти претстои.

Блажена си, затоа што тргнуваш по него; какви молости и штедрости те очекуваат таму! Continue reading

Advertisements

За душевниот мир – Св. Серафим Саровски

379219_size2

Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?

Ништо не помага толку за стекнување на душевен мир, како молчењето и, доколку си во можност, непрестајно да разговараш со себси, а со другите – ретко.   Continue reading

За безредниот живот на верниците и клирот – Св. Јован Кронштатски

largeКолку е жално да гледаме дека на Господови празници непријателот го зема од христијаните својот данок, многу голем данок, и колку поголем е празникот, толку повисок данок плаќаат христијаните на непријателот, зашто, што гледаме за време на празниците? Полна суета, разузданост на плотта (телото), пијанство, разврат, тепачки, кражби, забава. Боже мој! Какво угодување на плотта! Какво усрдно служење на ѓаволот!

Христијани ли се тие луѓе – би си помислил човек – искупени со чесната крв на Синот Божји? Во христијански времиња ли живееш или во незнабожечки? Тоа ли се причесниците со животворните Тајни? Тоа ли се луѓето, кои одат во Божјиот храм и се молат заедно со тебе на Господа? Ако се тие, за што оделе во храмот? Очигледно, само поради навика, а не по желба на, благодарното на Христа Спасителот, срце. Очигледно не се молеле на Бога, не си ги приближиле срцата кон Него, туку се приближиле до Него само со својата уста – ако барем со устата се имаат приближено – и не влегле во силата на празникот, воопшто не ја разбираат суштината и целта на христијанските празници, не учествуваат во нив така, како што децата учествуваат во семејниот празник на своите родители. Continue reading

Како да се бориме со осудувањето – Св. Теофан Затворник

6d6152125e6ee3ba09c35fb954a29e3b

“Се вовлекувам во разговори и паѓам во гревот на осудувањето. Се трудам да не осудувам и злословам. Додека молчам – ништо, но штом проговорам, како некакво помрачување да ме спопаѓа. Додека се опоменам, веќе сум се назборувала и злословила и осудила.“ Continue reading

За Бога – Св. Јован Кронштатски

maxresdefaultТвојот Господ е Љубов; сакај Го и во Него сакај ги сите луѓе како Негови чеда во Христа. Твојот Господ е Оган; не биди студен по срце, туку гори со вера и љубов. Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без вера. Твојот Господ е Бог на милоста и штедроста; биди и ти за своите ближни извор на милости и штедрости. Ако бидеш таков, ќе добиеш спасение со вечна слава.  Continue reading

За молитвата – Св. Јован Кронштадски

kronshtadtskiy_5601Ако преку молитва сакаш да измолиш некое добро од Бога, пред молитвата подготви се за несомнена, силна вера и навремено набави си средства против сомнежот и неверието. Лошо е, ако за време на молитвата, срцето ти изнемошти и не достои во неа. Тогаш не ни помислувај дека ќе го добиеш она што го просиш од Бога, зашто Бог не ги дава Своите дарови на хулител! Се’ – вели Господ – што ќе посакате во молитва со вера, ќе го добиете (Мат. 21:22), така што ако просите неверувајќи или со сомнеж, нема да добиете. Ако имате вера и не се сомневате – уште вели Тој, – тогаш и планини можете да преместувате (спореди со Мат. 21:21). Значи, ако се посомневате и не поверувате, нема тоа да го сторите. Continue reading

За вистинското и лажното смиреноумие – Св. Игнатиј Брјанчанинов

mytar-farisej-600-1„Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост“ (Кол. 2,18), порачува Светиот Апостол Павле. Вистинското смиреноумие се состои во послушание и одење по Христа (Фил. 2,5-8). Вистинското смиреноумие е духовен разум. Тоа е дар Божји; тоа е дејство на благодатта Божја во умот и срцето на човекот. Постои и промислено смиреноумие: него го измислува за себе суетната душа, опрелестената и измамената душа со лажни учења, душата којашто сама себе си ласка, душата што бара ласкање од светот, душата којашто целосно се стреми кон земно напредување и земни наслади, душата којашто заборавила на вечноста, на Бога. Continue reading