За вистинското и лажното смиреноумие – Св. Игнатиј Брјанчанинов

mytar-farisej-600-1„Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост“ (Кол. 2,18), порачува Светиот Апостол Павле. Вистинското смиреноумие се состои во послушание и одење по Христа (Фил. 2,5-8). Вистинското смиреноумие е духовен разум. Тоа е дар Божји; тоа е дејство на благодатта Божја во умот и срцето на човекот. Постои и промислено смиреноумие: него го измислува за себе суетната душа, опрелестената и измамената душа со лажни учења, душата којашто сама себе си ласка, душата што бара ласкање од светот, душата којашто целосно се стреми кон земно напредување и земни наслади, душата којашто заборавила на вечноста, на Бога. Continue reading

Advertisements

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Кратка, јасна и поучна е параболата на Спасителот за тоа како двајца јудејци влегле во храмот да се помолат: едниот фарисеј, другиот – митар. Фарисејот застанал напред во храмот и се молел вака: “Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, неправедници, прељубници, или како овој митар: постам два пати во неделата, давам десеток од сè што стекнувам” (Лука 18:11). Со еден збор, фарисејот ги наброел добродетелите, кои навистина ги поседувал.

Зад него стоел митарот. Тој, освен своите гревови, ништо друго не донел во Божјиот храм. Стоел со длабоко приклонета глава, се удирал в гради и викал: “Боже, биди милостив спрема мене, грешниот!” (Лука 18:13).

Кој е заклучокот што го дава божествениот Автор на параболата, Исус Христос? “Ви велам дека тој си отиде дома повеќе оправдан отколку оној, зашто секој кој се превознесува себеси, ќе биде понизен, а кој се понизува, ќе биде воздигнат” (Лука 18:14). Continue reading

За гордоста и смирението – Св. Антониј Велики

(Добротољубието, поука 34)

Св. АнтонијОтпаѓајќи од својот небесен чин заради гордоста, ѓаволот непрестајно се обидува да ги наведе на пад и сите оние кои со (сето) свое срце сакаат да пристапат кон Господа, и тоа по истиот пат по кој и самиот паднал, т.е. городста и љубовта кон суетната слава. Со тоа нас не’ напаѓаат демоните, и со такви и друго слично мислат да не’ одвојат од Бога. Continue reading