За борбата со гревовите – Св. Василиј Велики

p18vtnjaqi8gno3414m618f6ioi3Премолчаниот грев е гнојна рана во душата. Како ние што го нарекуваме благодетел не тој, којшто го остава штетното во телото, туку напротив, оној којшто го вади надвор… така, очигледно е, дека да се крие туѓиот грев, значи да се подготвува смрт за болниот. Зашто е речено: „Осилото на смртта е гревот“ (Кор. 15,56). „Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов (Изрек. 27,5). Ете зошто да не ги прикриваш гревовите кај другите, за да не станеш наместо братољубец – братоубиец. Не прикривај ги ниту гревовите во себеси. Зашто е речено: „Оној, што не се исцелува себеси од гревовите, брат му е на оној што се погубува себеси“ (Изрек. 18,9)… А ако за обраќањето на некого, како коринтски блудник, се покаже дека не е доволно да добие осудување и негодување од мнозина, тогаш на таквиот треба да се гледа како на незнабожец…

Continue reading

Advertisements

Покајание – Ден 2

Расказ за Таксиот воин

mitarstva_mmmВо Картагина живеел еден маж по име Таксиот, војник, кој водел многу грешен живот. Еднаш во градот Картагина се појавила заразна болест, од која умирале многу луѓе. Таксиот бил обземен од страв, се обратил кон Бога и се покајал за своите гревови. Тој го напуштил градот заедно со својата жена и се оддалечил во едно село, каде што престојувал поминувајќи го време во богомислие.

По некое време, по дејство на ѓаволот, тој паднал во прељуба со жената на земјоделецот, кој живеел во нивното соседство. Но, по неколку дена откако згрешил, бил каснат од змија и умрел.

На растојание од едно поле (200 метри) од тоа место имало манастир. Жената на Таксиот отишла во тој манастир и ги замолила монасите да дојдат да го земат телото на покојниот и да го погребаат во црквата. Го погребале во третиот час од денот.

Кога настапил деветтиот час, од гробот се чул силен извик: “Помилувајте ме, помилувајте ме!” Кога се приближиле до гробот и го чуле викот на погребениот, монасите веднаш го откопале и го нашле Таксиот жив. Ужаснати, тие се зачудиле и го прашале, сакајќи да дознаат што се случило со него и како оживеал. Но, тој поради силниот плач и ридање не можел да им раскаже ништо и само молел да го одведат кај епископ Тарасиј. И бил одведен кај него. Continue reading

За гревот – Старец Илија (Ноздрин) Оптински

Батушка, што е тоа грев? Како може да се опише овој поим?

– Прецизно определување (дефиниција) нема да кажам, но гревот е отклонување од нормата. Гревот е престапување и отклонување од законот. Кога човек не го исполнува законот, тој оди против својата совест и против Божјите заповеди.

Се испоставува дека ние ќе зборуваме за свеста. Кога совеста станува бесчувствителна, во човекот се натрупува грешна состојба. Нашиот Господ Исус Христос, Кој пострадал за човекот да може да се избави од гревот, и со своите страдања плати за нашите гревови, сепак, ја запазува слободата на човекот, никогаш не го принудува. Тој секогаш го бара доброто расположение на човекот. Кога човек се кае, осознавајќи ги своите гревови, се смирува – тоа станува искупителна задача, преку која тој добива простување. Имено преку покајанието човекот добива од Бога простување на гревовите.

А како настанува раѓање на гревот во душата на човекот?

– Гревот се раѓа кога човек се отклонува од Божјата волја и не се стреми да го исполнува Евангелскиот закон. Со недостаток на молитва и недостаток на живот според совеста. Continue reading

За гревот и покајанието (слово 12 / 1) – Св. Симеон Нов Богослов

Добро е да плачеме и жалиме за своите гревови и да Го молиме Бога за нивно опростување. Но, од тоа не ќе имаме никаква корист, ако нашиот Господ Исус Христос не ги излечи тие слабости на оној што се кае, поради кои тој греши како без да сака – бидејќи ако тој не се исцели од нив, не ќе може да се воздржи од гревови. Ете зошто секој што се кае треба да го насочи целиот свој подвиг кон тоа да биде исцелен од Христа Господа, да се освети и да прими сила за исполнување на волјата Божја и Неговите заповеди. Зашто неисцелениот од Христа Господа понекогаш врши гревови, вовлекуван кон нив од своите немоќи, а друг пат со огромен напор и самопринудување извршува некоја заповед. Но, каква корист има таквиот? Тој личи на човек кој гради и повторно го разрушува изграденото. Ете зошто безусловно е потребно да биде исцелена нашата немоќ од Христа Господа, Кој е единствен вистинскиот Лекар, Кој дошол на земјата да ги излекува нашите немоќи, поради кои грешиме. Continue reading