Родители во пубертет – Архимандрит Андреј Конанос

258042.p
Едно дете ме праша: За што зборуваш во беседата? Мојата мајка те слуша, ѝ се допаѓа, но кога се враќа дома, повторно го прави истото!

По патот наваму мислев и си велев: Ајде, оди да ги кажеш пак истите работи, пак да кажат: “Колку убаво, оче!” и пак да отидат дома и пак да го прават истото. Беседите се добра работа, но понекогаш си мислам дека ние, проповедниците, кои доаѓаме, изгледа ве зашеметуваме и ве збунуваме, бидејќи еден вели едно, друг друго, слушате различни мислења; но од она што го гледам, секој човек има сопствено мислење, секој е прикован во своите ставови, мајките и татковците продолжуваат така како што се научиле, и ако попот зборува како нам ни е угодно, тој е добар, ако зборува поинаку, велиме: Тој не знае што зборува! Затоа е подобро и ние да бидеме повнимателни. Се прашував што да кажам сега, како да зборувам, да укорам или да погалам. Потоа си реков дека што и да направам, не треба да се обеспокојувам! Животот продолжува, секој дом е различен, секој го има своето семејство, проблеми, свој карактер.   Continue reading

Advertisements

Дај Му ја на Бога својата намера и ќе стекнеш сила – Лимасолски Mитрополит Атанасиј

Беседа за Посланието на св. Ап. Јаков

806507433

Приближете се кон Бога и Тој ќе се приближи кон вас (Јаков 4:8)

Бог почнува да дејствува во моментот во кој човекот ќе рече: “Сакам да се доближам до Бога!” Тогаш Бог веднаш му ја покажува Својата татковска љубов. Отците ни велат дека дури и намерата што ја имаме и мислиме дека е наша – како што велиме: Предај си ја волјата на Бога! – дури и фактот дека сакаме, имаме желба – и тоа наше сакање, пак е од Бога. На крајот од краиштата, се’ е од Бога. Што останува за нас? Нашето расположение да се доближиме до Него. Многупати луѓето доаѓаат на исповед и велат:  Continue reading

Клирикализмот во Православието – Отец Александар Шмеман

Shmeman1Клирикализамот гуши; се оддалечува од светотаинскиот карактер на Црквата; својата моќ ја претвора во света моќ со која контролира, води, управува; моќта со која се извршуваат светите тајни, и воопшто, секоја моќ ја претвора во „моќ која што ми е дадена“! Клирикализмот ја одвојува сета „светост“ од обичните луѓе: со иконостасите, причеста (со посебна дозвола), теологијата. Накратко, клирикализмот de facto е негирање на Црквата како Тело Христово, бидејќи во телото сите органи се поврзани и различни само по функција, но не и по суштина. И што повеќе клирикализмот се „клирикализува“ (традиционална претстава за Епископите или свештениците, нагласена со облеката, косата итн., на пример, владиката облечен во целосна регалија), толку повеќе црквата станува сѐ посветовна, духовноста се потчинува на светот. Continue reading

Психологија на навредата – Архиепископ Јован (Шаховској) Сан-Франциски

++++архиепископ-иоанн-сан-францисскийНесовршеноста на човечката душа се пројавува во тоа што го заборава важното и го памети суетното; дека го заборава она што би требало да го помни и го помни онa што би требало да го заборави. Поради тоа можеме секого да запрашаме: “Кажи ми што забораваш и што помниш, а јас ќе ти кажам кој си”. Сите знаеме што значи навредата, затоа што нé навредувале и сме се навредувале. Без да е свесен, секој кој навредува и секој кој се навредува, се повредува себеси, бидејќи самиот се лишува од сонцето на љубовта. Оној кој навредува ја повредува не само душата, туку и своето тело – злите емоции предизвикуваат болна телесна напрегнатост, што се одразува на неговата физичка размена на материите и го нарушуваат животот. Оној кој навредува се навредува најпрво себеси. Но, и оној кој се навредува постапува неразумно, бидејќи се повредува самиот. Над себе да се закриеме со светлиот штит против навредите, необрнувајќи им внимание. А она што е возвишено, тоа да го спротивставиме на навредата – љубовта, кротоста, великодушноста. „Научете се од Мене, – рекол Христос Спасителот, – зашто Сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир за вашите души“ (Мт. 11:29). Ете еден прост пат до среќата, за која човекот често размислува, не знаејќи го патот до неа.

Continue reading

Православна теологија за пеколот – Отец Џејмс Бернстејн

lastjudgment_dingman (1)

Дали пеколниот оган е материјален или духовен

Јудаизмот не кажува многу за животот после смртта, освен тоа дека тој постои, и дека начинот на којшто сега живееме ја одредува нашата крајна состојба. Главниот поглед е тоа дека во животот што ќе настапи (на хебрејски: Олам-Ха-Ба) Ган Едем, т.е. Едемската градина, ги очекува оние кои достигнале состојба на духовна совршеност. Повеќето починати одат во геената или шеолот најмногу 12 месеци пред да појдат во Ган Едем. Геената е како духовна ковачница, кадешто душата се очистува. Исто така, се смета и за влез или чекална за она што следи. Continue reading

Дали смртта е од Бога – Отец Џејмс Бернштајн

Двајцата мои родители веќе беа упокоени во тоа време, тато во февруари 1978 година, а мама истиот месец во 1983 година. Враќањето назад на Источниот Брег значеше дека се вратив во мојот дом минус моите родители, чии гробови ги посетив во Седар Парк Еврејските гробишта во Вествуд, Њу Џерси. Нивното отсуство, како и фактот дека нашите деца никогаш нема да ги запознаат во овој живот, ме предизвика да размислувам за реалноста на смртта и нејзиното потекло. Соодветно беше посериозно да ја испитам оваа тема, бидејќи веќе бев семинарец.

Отсекогаш имав посебна почит за првата книга од Библијата – Битие. Ова делумно се должеше на фактот што кај некои Евреи, еден начин на учење на децата како да читаат хебрејски јазик, е да се почне од почетокот, односно со првите стихови на Битие. Битие се однесува на тоа како човечкиот грев и смрт се појавиле кога Адам и Ева не Го послушале Бог и јаделе од забранетото овошје во Едемската градина.

Continue reading