За Бога – Св. Јован Кронштатски

maxresdefaultТвојот Господ е Љубов; сакај Го и во Него сакај ги сите луѓе како Негови чеда во Христа. Твојот Господ е Оган; не биди студен по срце, туку гори со вера и љубов. Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без вера. Твојот Господ е Бог на милоста и штедроста; биди и ти за своите ближни извор на милости и штедрости. Ако бидеш таков, ќе добиеш спасение со вечна слава.  Continue reading

Advertisements

Дај Му ја на Бога својата намера и ќе стекнеш сила – Лимасолски Mитрополит Атанасиј

Беседа за Посланието на св. Ап. Јаков

806507433

Приближете се кон Бога и Тој ќе се приближи кон вас (Јаков 4:8)

Бог почнува да дејствува во моментот во кој човекот ќе рече: “Сакам да се доближам до Бога!” Тогаш Бог веднаш му ја покажува Својата татковска љубов. Отците ни велат дека дури и намерата што ја имаме и мислиме дека е наша – како што велиме: Предај си ја волјата на Бога! – дури и фактот дека сакаме, имаме желба – и тоа наше сакање, пак е од Бога. На крајот од краиштата, се’ е од Бога. Што останува за нас? Нашето расположение да се доближиме до Него. Многупати луѓето доаѓаат на исповед и велат:  Continue reading

За молитвата – Св. Јован Кронштадски

kronshtadtskiy_5601Ако преку молитва сакаш да измолиш некое добро од Бога, пред молитвата подготви се за несомнена, силна вера и навремено набави си средства против сомнежот и неверието. Лошо е, ако за време на молитвата, срцето ти изнемошти и не достои во неа. Тогаш не ни помислувај дека ќе го добиеш она што го просиш од Бога, зашто Бог не ги дава Своите дарови на хулител! Се’ – вели Господ – што ќе посакате во молитва со вера, ќе го добиете (Мат. 21:22), така што ако просите неверувајќи или со сомнеж, нема да добиете. Ако имате вера и не се сомневате – уште вели Тој, – тогаш и планини можете да преместувате (спореди со Мат. 21:21). Значи, ако се посомневате и не поверувате, нема тоа да го сторите. Continue reading

ПОКАЈАНИЕ – Ден 6

Ангелот на покајанието

Слово од Свети Теофан Затворник
Од „Четири беседи за појаснување на книгата ‘Пастир’
од Свети Апостол Ерма”

Со што можеш да ја спасиш својата душа

sv-ermasДосега чуеното од писанијата на свети Ерма сеуште не е сè што имав намера да ви пренесам и што може да ви послужи во вашиот труд во благоустројувањето на вашите срца. Чујте уште. Мислам дека словото на апостолскиот маж ќе биде поубедливо за вас од нашето немоќно многусловие. Затоа, не сакам до го оставам, сè додека не стигнам до крајот. По виденијата, за кои веќе ви зборував, кај свети Ерма следат заповедите, кои се тема на втората книга на неговиот “Пастир”. Кон нивното изложување, тој пристапува вака: “Се молев – вели тој, – дома и потоа седнав на креветот. И ете, видов дека влезе еден маж, кој влева почит со својот вид, во облека на пастир. На него беше наметната бела наметка, на грбот му висеше торба и во рацете држеше стап. Тој ме поздрави, го поздравив и јас. Потоа тој седна до мене и рече:

Continue reading

За вистинското и лажното смиреноумие – Св. Игнатиј Брјанчанинов

mytar-farisej-600-1„Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост“ (Кол. 2,18), порачува Светиот Апостол Павле. Вистинското смиреноумие се состои во послушание и одење по Христа (Фил. 2,5-8). Вистинското смиреноумие е духовен разум. Тоа е дар Божји; тоа е дејство на благодатта Божја во умот и срцето на човекот. Постои и промислено смиреноумие: него го измислува за себе суетната душа, опрелестената и измамената душа со лажни учења, душата којашто сама себе си ласка, душата што бара ласкање од светот, душата којашто целосно се стреми кон земно напредување и земни наслади, душата којашто заборавила на вечноста, на Бога. Continue reading

За борбата со гревовите – Св. Василиј Велики

p18vtnjaqi8gno3414m618f6ioi3Премолчаниот грев е гнојна рана во душата. Како ние што го нарекуваме благодетел не тој, којшто го остава штетното во телото, туку напротив, оној којшто го вади надвор… така, очигледно е, дека да се крие туѓиот грев, значи да се подготвува смрт за болниот. Зашто е речено: „Осилото на смртта е гревот“ (Кор. 15,56). „Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов (Изрек. 27,5). Ете зошто да не ги прикриваш гревовите кај другите, за да не станеш наместо братољубец – братоубиец. Не прикривај ги ниту гревовите во себеси. Зашто е речено: „Оној, што не се исцелува себеси од гревовите, брат му е на оној што се погубува себеси“ (Изрек. 18,9)… А ако за обраќањето на некого, како коринтски блудник, се покаже дека не е доволно да добие осудување и негодување од мнозина, тогаш на таквиот треба да се гледа како на незнабожец…

Continue reading

Довидување

Candle Smoke

Ќе недостигаш…

Спомените ќе те враќаат назад во живот за кратко,

и после пак ќе исчезнеш.

Сепак, понекогаш тука ќе си. И тоа е утеха.

Утеха за непомирените со смртта.

А оние, кои сфатиле, ќе останат со прашањето

до каде те одвело изминатото битисување во овој свет.

И пак ќе останат без одговор. Не затоа што го нема,

туку бидејќи чека времето да измине за да се открие и стане јасен.

А тоа време е до повторната средба.

До тогаш, само надеж за место радосно, без болка и тага, дарувано по милост.

И желба да се видиме на иста страна… горе…

До следното видување!